Поради казната на Конте, најмногу настрада неговата сопруга

Антони Конте се најде во финансиски проблеми кои ќе му се одрзат на приватните обврски откако беше исклучен за време на мечот од Премиер лигата против Свонси кој неговиот Челзи го доби со 1-0..

ФА одлучи Италијанецот да го казни со 8000 фунти поради кавга со судијата, а поради тоа најмногу ќе настрада неговата сопруга.

Имено, нејзе наскоро и доаѓа роденденот, но поради казната на Конте многу веројатно ќе остане без поклон, но и без прослава.

„Мојата сопруга е лута. Нејзиниот роденден е за два дена, но и реков дека поради таа казна нема да бидам во можност да и купам поклон“, изјави Конте кој беше запршан за модринката под левото око: “Моето око? Ох да, тоа е од ударот на сопругата“, се пошегува Италијанецот.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top