Порака до „Султанот“ Ердоган: Макрон ја испраќа Француската Морнарица во Источниот Медитеран!

Франција ќе го засили своето воено присуство во источниот Медитеран, објави францускиот претседател Емануел Макрон, повикувајќи ја Турција да престане со истражувањето на нафта и природен гас во спорните води што ги зголеми тензиите со Грција..

Во разговорите со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, францускиот лидер изрази загриженост поради унилатералното истражување, соопшти Елисејската палата, додавајќи дека тоа мора да престане за да се овозможи дијалог меѓу двете членки на НАТО.

Франција „привремено ќе го зајакне“ своето воено присуство во источниот Медитеран, се додава во соопштението, „со цел да се следи состојбата во регионот и да се покаже решеност да се почитува меѓународното право“.

Турција и Грција се спорат околу територијалните води богати со енергенси, а тензиите се зголемија во понеделникот кога Анкара испрати истражувачки брод во спорниот дел на Медитеранот, придружуван од воени бродови, еден ден откако Грција потпиша договор со Египет.

Министрите за надворешни работи на ЕУ ќе разговараат за ова прашање на вонредната средба во петок. Истиот ден грчкиот министер за надворешни работи ќе се состане со државниот секретар на САД, Мајк Помпео, во Виена.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top