Порака од Барселона: Гасол нема да игра за нас следната сезона

Делуваше дека Барселона и Пау Гасол се блиску до договор, но ако се суди според зборовите на членот на управата на Барса, Жан Бладе, тоа нема да биде случај..

И следната сезона нема да го гледаме Гасол во дресот на тимот од Каталонија.

Балде беше прилично категоричен во својот настап во разговорот за „Картадио Еспортс“.

„Нема и нема да има никакви преговори со Пау Гасол“, изјави членот на управата на клубот одговорен за кошаркарски прашања.

Со денови кружеа шпекулации околу тоа дали Гасол е во преговори со Барселона, но се чини дека од неговото враќање во клубот нема ништо.

Високиот шпански кошаркар е надвор од терените од март 2019 година поради скршеница на стапалото и затоа ја пропушти целата 2019/20 сезона.

Најдобриот шпански кошаркар во историјата е слободен играч од минатиот ноември кога го раскина договорот со Портланд за кој не ни дебитираше поради повредата. Последниот натпревар го одигра пред повеќе од една година за Милвоки Бакс и од тогаш се опоравува од повредата.

Иако прогнозите есеноска беа дека би можел да ја заврши кариерата, Гасол не сака да се предаде и најавуваше враќање на терените. Желбата му е да игра на Олимписките игри следното лето и поради тоа му е потребен клуб во кој би ја одиграл сезоната и да се врати во форма. Со оглед на тоа дека во НБА веќе никој не размислува за негов ангажман поради годините и историјата на повреди, се отвори можност за Барселона да го врати во своите редови.

Но, каталонскиот гигант очигледно нема да дојде до договор со Гасол.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top