Поранешен англиски фудбалер тврди: Ливерпул со Ловрен нема да освои ништо

Дејан Ловрен и натаму е цел на критики на навивачите и клупските легенди на Ливерпул, два дена по неговото очајно издание против Манчестер Сити..

Последен во низата е поранешниот англиски фудбалер Мики Квин кој тврди дека Хрватото не е играч за Ливерпул.

„Да сум јас во клубот, тој никогаш не би го облекол дресот на овој тим. Со Ловрен во екипата, Ливерпул никогаш нема ништо да освои. Точно е дека играше финале на Светското првенство, но не може да игра на највисоко ниво. Ван Дајк мораше да ја спасува екипата седум или осум пати против Сити“, изјави Квин.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top