Поранешен началник на американската Стратегиска команда: Наредбата за нуклеарен напад може да биде одбиена

Највисокиот офицер во американската Стратегиска команда може да ја одбие наредбата на претседателот на САД за употреба на нуклеарно оружје доколку се утврди дека наредбата е нелегалнa.

Во сведочењето пред надворешнополитичкиот комитет на Сенатот, Келер истакна дека американските оружени сили се обврзани да извршуваат легални, но не и нелегални наредби.

Келер, кој беше началник на Стратегиската команда од јануари 2011 до ноември 2013, кажа дека правните принципи на воената нужност, правењето разлики и пропорционалности играат улога во одлуките за користење на нуклеарното оружје.

Затоа, кажа келер, Стратегиската команда може да ја одбие наредбата на претседателот ако не ги мине тестовите за пропорционалност и легалност.

Нормално, секогаш е можно претседателот да го смени конкретниот офицер и да постави друг кој ќе ја изврши наредбата.

Сослушувањето се одржува во ситуацја кога заканата од нуклеарен напад од Северна Кореја продолжува да биде причина за загриженост, а твитовите на Доналд Трамп во кои го напаѓа Пјонгјанг го наметнуваат прашањето дали претседателот на САД сака да предизвика војна, пишува Асошиејтед прес.

Во случај ако наредбата за лансирање на нуклеарните ракети, дури и превентивно, е оправдана и легална, не постои никој што може да го спречи. Ни Конгресот, ни министерот за одбрана ниту офицерите чија должност е да ја извршат наредбата.

Според зборовите на поранешниот офицер за лансирање нуклеарни ракети Брус Блер, претседателската наредба не може да се смени, а еднаш лансираните ракети не можат да се отповикаат.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top