Поранешната директорка на МПМ на распит во СЈО

Поранешната директорка на пропаднатата компанија „Медиа принт Македонија“ (МПМ), Јана Станисављева, денеска е на распит во СЈО..

Дел од медиумите пренесуваат дека таа е повикана во својство на осомничена за лажен стечај, за злоупотреби на средства на доверители во износ од неколку милиони евра и за други дела. За истите деликти, осомничен е и другиот екс-директор на МПМ, Срѓан Керим.

Во склоп на МПМ своевремено беа весниците „Вест“, „Дневник“,  „Утрински“ и магазинот „Теа Модерна.“


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top