Поранешниот генерален секретар на НАТО Џорџ Робертсон доаѓа во Битола

Поранешниот прв човек на НАТО Џорџ Робертсон утре ќе учествува на трибина во Битола под наслов „Излези За Европска Македонија“..

Џорџ Робертсон е британски лабуристски политичар кој бил десеттиот Генерален секретар на северноатлантската алијанса од 1999 до 2004 година. Тој служел како Секретар за одбрана на Велика Британија од 1997 до 1999 година, пред да се вклучил во НАТО.

На трибината  ќе зборува и Стево Пендаровски национален координатор за НАТО, а ќе се одржи на плато пред Завод и музеј – Битола, по повод референдумот за влез на Македонија во Нато и ЕУ.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top