Поранешниот играч распали по Мурињо: Ни е гајле за твоите трофеи, го уништи клубот!

Манчестер Јунајтед викендов гостува кај Саутемптон, а во пресрет на натпреварот Жозе Мурињо имаше прес-конференција, на која ги нападна сите неистомисленици..

„Прва работа која морам да ја кажам е дека во секој клуб, кога играчот нема да настапи, тоа едноставно е одлука на менаџерот. Во нашиот клуб, кога играч нема да настапи тоа е затоа што не се однесува како што треба или има дисциплински проблеми… Секако дека тоа ни овојпат не е случај со Алексис Санчез, повреден е и не сакам воопшто да шпекулирам колку време ќе биде отсутен. Од некое претходно искуство, би рекол дека сигурно нема да игра до крајот на годината“, порача Мурињо.

Во меѓувреме, додека Мурињо зборуваше за Саутемптон и Алексис Санчез, пристигна остар напад на негова адреса од страна на поранешниот француски фудбалер Кристоф Дугари.

„Ова е неподносливо! Го уништи клубот! Кога ќе видите како играа во вторникот против Јанг Бојс, па тоа е катастрофа, ужас… Сите се сеќаваме на Манчестер Јунајтед со Рој Кин, Дејвид Бекам, Сколс, Гигс и сите тие фантастични играчи. Тие играа напаѓачки фудбал. Беше преубав и страствен. „Олд Трафорд“ беше „Театарот на соништата“, а сега е „Театарот на кошмарите“ со овој лик! Лудост!“, распали Дугари по Мурињо, но не застана тука.

„Тоа што тој не го разбира е дека не заболе онаа работа за неговите титули, сакаме само емоции и да гледаме добар фудбал! А тој е неспособен да ни го пружи тоа. Но, не може да го сфати тоа бидејќи премногу длабоко е навлезен во својот задник! Не не интересира тоа што си го освојувал досега, човеку…“, заклучи некогашниот фудбалер на Бордо, Милан, Барселона, Марсеј и Бирмингем


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top