Поранешниот Македонски амбасадор во Австралија Веле Трпевски се сретна во Австралиската амбасадорка Рут Стјуарт

Срдечно добредојде за новоименуваната Австралиска амбасадорка Рут Стјуарт од Веле Трпевски.

Поранешнниот Амбасадор на Република Македонија Веле Трпевски имаше работен ручек со новоименуваната амбасадорка на Австралија за Македонија Рут Стјуарт.

На работниот ручек биле разменети  мислења во насока на унапредување на билатералната соработка во сите области, но пред се договорната, економската и културната соработка меѓу Австралија и Република Македонија.

Беше убаво да се слушне позитивното мислење на амбасадорката за Македонија и нашето гостопримство, како и нејзината заложба да ја посетува Македонија најмалку еднаш месечно напиша Трпевски на својот фејсбук профил. 

Било разговарано и за многу конкретни проекти во насока на промоција на Австралија и австралиските обичаи во Македонија. 

Веле Трпевски и посакува добредојде на амбасадорката Стјуарт и и' посакува успешна работа.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top