Порано имаше Ферги тајм, сега - Пеп тајм!

Љубителите на фудбалот, а особено навивачите на Манчестер Јунајтед добро се сеќаваат на периодот кога менаџер на овој тим беше Алекс Фергусон..

Еден куп натпревари екипата доби со голови во самиот финиш, па во негова чест крајот од основниот дел и судиското продолжение добија име “Ферги тајм”. Времињата се сменија, сега постои “Пеп тајм”.

Причина за тоа е задоцнетиот финиш на Манчестер Сити оваа сезона кој со голови во последните минути освои голем број бодови поради кои има убедлива предност пред ривалите на табелата од Премиер лигата.

Со голови по 80. минута Сити ги доби последните три натпревари: против Вест Хем, Саутемптон и Хадерсфилд. Освен овие три, на сличен начин тимот од Манчестер го победи Бурнмаут во третото коло што значи дека од овие четири дуели Сити има осум бода со голови во финишот. Толкава е разликата во однос на второпласираниот Јунајтед.

Инаку, ако се земат предвид сите натпревари, Сити веќе има осум гола во последните десетина минути од натпреварите, но другите четири не носеа директни бодови, па и не се толку значајни.

Но, не е само првенството. И во Лигата на шампионите Сити погодува во последните минути. Така го совлада Феенорд, а постигна голови и против Наполи и Шахтјор. Интересно, најчест стрелец во финишот е Рахим Стерлинг.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top