Поројниот дожд во Солун „зароби“ туристи во Белата кула

Поројниот дожд што вчера го зафати Солун предизвика огромни проблеми во градот, при што извесен број туристи останаа заробени во Белата кула, бидејќи водата собрана на влезот што е под уличното ниво, ги оневозможи да излезат..

Сепак на крајот, учениците од едно основно училиште и неколумината британски туристи успеале да излезат низ приземниот прозорец на зградата откако противпожарната бригада ги отстранила решетките.

Поплавен е и еден од еден од најпознатите објекти во Солун катадралата Агиа Софија од VII век, која е споменик на УНЕСКО.

Пожарната бригада во Солун добила  повеќе од 300 повици за помош од 12.30 кога започнало невремето, до четвртокот попладне. Поројниот дожд бил проследен со силни грмотевици, а повремено паѓал и град.

Противпожарната служба добила и неколку повици за спасување, меѓу кои и оној кога четири лица останале заробени на мост откако нивните возила беа потопени од високото ниво вода.

Многу приземни и подрумски продавници и куќи се поплавени, меѓу кои и Градското Собрание на Солун, а патиштата буквално биле претворени во реки.

Бурата и грмотевиците предизвикаа и прекин на електричната енергија. На меѓународниот аеродром во “Македонија“, аеродромските власти на извесно време го прекинаа полнењето на гориво како безбедносна мерка на претпазливост.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top