Порошенко одобри закон за нови санкции кон Русија

Владата изготви листа на 172 државјани на Русија и на други земји, како и на 65 руски компании, кои би можеле да бидат погодени од овие санкции.

Украинскиот претседател Петро Порошенко потпиша закон со кој и се овозможува на Владата да воведе санкции против руските компании и поединци осомничени за поддршка и финансирање на сепаратистичките бунтовници во источниот дел на Украина. 

Законот беше усвоен од парламентот минатиот месец. 

Тој овозможува повеќе од 20 видови на санкции, вклучително и забрана за патување и замрзнување на средства, ограничувања на трговијата и транзитот на ресурси и транспортот на стоки преку Украина. 

Законодавството обезбедува правна основа за санкции, но не ги наметнува. Специфичните санкции ќе мора да бидат одобрени од страна на Националниот совет за безбедност и одбрана. 

Владата изготви листа на 172 државјани на Русија и на други земји, како и на 65 руски компании, кои би можеле да бидат погодени од овие санкции. Листата не е јавно објавена.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top