Портест во Битола против загадувањето на амбиенталниот воздух

Битолчани денеска пред зградата на Општина Битола протестираа против загадениот воздух, а организатори на протестот се советничката група „Поинаку“..

На нивни предлог, Советот на Општина Битола вчера донесе заклучок со кој се бара од Владата на првата седница да ги разгледа сите можности за добивање субвенционирана струја за граѓаните на Општина Битола.

-Нашето барање за субвенционирана струја е само прв и мал чекор од она Битола што треба реално да го добие. Затоа ја повикуваме Владата на РМ, да ги слушне нашите барања и добро да размисли за секој нареден чекор што ќе го рпеземе за Битола, истакна Иван Чулаковски, Поинаку. 

СДСМ денеска протестот го оценија како апсурден.

-Секаков повик за протест е апсурден, лицемерен и единствено служи за политички публицитет на организаторот. Загадувањето не настана преку ноќ, тоа е многу посериозен и покомлексен проблем од тоа што некој сака да го прикаже, рече Методија Илиевски СДСМ.

На ова реагираа од „Поинаку“.

-Наместо да не обвинуваат за политички поени, ако беа искрени пред себе и битолчани, денес ќе излезеа на протест. Воздухот нема политичка боја, а болестите не одбираат по партиска припадност, рече Габриела Илиевска, Поинаку. 

-За жал имаме политички опстѕрукции, може да видите колкав број битолчани се загрижени, рече Чулаковски.

Битолчани поддршка добија и од скопјани, од Коалицијата за чист воздух „О2“ и Првата детска  амбасада во светот „Меѓаши“.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top