Португалецот пак во акција: Играч на Лајпциг е најновата желба на Мурињо

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо со сите сили е насочен кон селекција на тимот за идната сезона иако оваа уште не е на половина..

Англиските медиуми информираат дека негова најнова цел е фудбалерот на Лајпциг, Емил Форсберг. Токму поради него, наводно, Мурињо присуствувал на квалификацискиот натпревар меѓу Шведска и Италија каде беше во друштво на Златан Ибрахимовиќ.

Шведскиот репрезентативец има договор со Лајпциг до 30 јуни 2022 година, а самиот веќе почнал да работи на својот излез од клубот. Можно е неговиот трансфер да се оствари и во јануарскиот преоден рок со цел Јунајтед да создаде тим кој ќе му биде конкурентен на градскиот ривал Сити.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top