Португалија: Преку апликација ќе се следи колку луѓе има по плажите

Според новите правила за плажите, групите ќе треба да се одвоени 1,5 метар едни од други, лежалките ќе се изнајмуваат само на половина ден, а групните спортови нема да бидат дозволени..

Но, полицијата нема да ги следи плажите,  рече Коста, повикувајќи ги луѓето да се придржуваат кон правилата.

-Плажите треба да бидат места за одмор, рече Коста.

Португалската агенција за животна средина разви апликација што ќе собира податоци во реално време за тоа колку луѓе се на плажа, така што во секое време ќе може да се проверува колку луѓе има на неа.

Владата со мобилните оператори сега работи на тоа да се овозможи собирање податоци не само за тоа колку луѓе се на плажа, туку и како се распоредени, рече Коста.

Португалија од понеделник ќе ја почне втората фаза на ослободување на ограничувањата, што значи дека ќе се отворат рестораните, музеите, кафулињата и училиштата за одредени возрасти . Португалија на 4 мај дозволи отворање на помалите продавници и ги олабави ограничувањата во однос на патувањата.

Економските показатели предупредуваат дека во првиот квартал од годината  економскиот раст во Португалија е помал за 3,9 проценти во однос на минатата година.

Невработеноста значително се зголеми, рече Коста.

Падот на БДП најмногу ќе се должи на ситуацијата во туризмот, каде што бројот на ноќевања опадна за 60 проценти во март во однос на истиот период лани.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top