Последните зборови на Дениса пред да исчезне: Одам до тоалет и си легнувам!

Кое било лицето кое разговарало со Дениса засега не се открива, но грчките истражни органи го знаат неговиот идентитет..

Одам до тоалет и ќе си легнам. Ова се последните зборовите на исчезнатата Дениса Маркоска, по што и се губи секаква трага. Ова за телевизија Алфа го тврди член на фамилијата на 23 годишната прилепчанка. Критичната ноќ на 12 септември, околку 2 30 часот утрото, таа заедно со засега непознато лице стоела и разговарала на палубата од бродот "Серенисима". Дениса била облечена во пижами и патики. По  разговорот рекла дека сака да си легне, но пред тоа ќе оди во тоалет, но од тогаш повеќе  никој не видел. Капетанот на екипажот  дури утротo увиделе дека девојката не е на бродот. Најверојатно поради тоа одговорните дури тогаш, со доцнење го пријавил исчезнувањето.

Кое било лицето кое разговарало со Дениса засега не се открива, но грчките истражни органи го знаат неговиот идентитет. Дали станува збор за нејзината цимерка, член на екипажот или гостин на туристичкиот брод ќе се дознае од кога ќе се обелоденат деталите од истрагата.

Во меѓувреме се уште се чека на резултатите од споредбата на ДНК профилите на родителите на Дениса со тој на пронајдениот труп во близина на островот Карпатос. Анализата која се прави во институт во Атниа, треба да ја расчисти или дополнително да ја заплетка приказната на исчезнатата прилепчанка



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top