Потпишувај, друже Зоки - ич окце да не ти трепне!

Колумна на Веле Митаноски.

Синхоронизирано, добро избалансирано, симетрично – токму, како што бараат другар ми Илија и Антонио Бледоликиот Кически! Заш така требит, оти единствена вредност во првото ВМРО му била – чист Бугарин! Оти, заедно со Ангел Джамбазки, клечеше на гробот на Тодор Александар! Оти - за да му е поевтино, спиеше на таванот на софиското ВМРО! Оти, Вилипчо вемерето го претвори во комплетна идеолошка карикатура, со бугарските пасоши за татка си, Тихомира, мајка си Маринела и брата си – Марко!!!

Оти и вистинските бугарофили (зошто да нема и такви!), оние кои во префиксот ВМРО гледаат свестост а не профит, кои се за независна Македонија, ама со „един народ во двете страни!', ќе ви речат дека ДПМНЕ задоцни, даваат поддршка за договорот, „независимо“ кој ќе го потпише, а Груевски го прашуваат: како тоа со Србија може, а со Бугарија - не!? Како тоа Канчевска – Милеска ја славеше Кумановската битка на српски „да је цео свет разуме!“ и со чии пари го конзервираше српскиот споменик на Зебрњак!?

Оти, Заев од Скопје и Борисов од Софија, ја плетат новата балканска приказна. Срдечно - како широката прегратка на Заев и сочниот бакнеж на Борисов. Ич окце да не ти трепне, друже Заев, не се обзирај на вмровската хистерија, на старата банда со новата пропаганда на стравот, на дуото-трио Груевски-Иванов-Мијалков! Оти и, ако зе обзираш на секое куче што ќе лавне од првото село, нема никаде да стигнеш (Тургењев). Оти вечерта пред да го убијат таткото на Братучедот и вујкото на Пастирот, Јордан Мијалков „ми подари една шах-табла, рачна изработка, во резба и ми рече дека е направена од бугарските затвореници во Идризово!“ (Каракачанов). 

Оти се гледа обострана доверба. Сега видовме зошто Борисов „не обича срешти со политици като Грујос!“. Зошто, пак Николче, фати џаде и воздушна галија до Малта да ја чека фрау Меркел („компромис е кога двете страни се подеднакво незадоволни!“), пред лифтот! За „нови срешти“ - малку морген! Сега само со лична карта, пак, може да оди, ма само до „малта - соба”!

Тилерсон го чека Заев во Подгорица да му ги пренесе поздравите од Трамп Војводата, Тирана сака заеднички седници со македонската влада („сашто като исто на оние од Грујос со Белград“!), некои Дачичи-пачиќи ни биле „веома љути“! Токму навреме „не дају нам улазак у Прохору Пчинском“!?

Одлично балканско позиционирање на Македонија, ќе поентира Љубчо Војводата, „икончето“ на ВМРО ДПМНЕ!

Нема дополнителна балканизација на Европа, ќе ја биде европеизацијата на Балканите! Санадеризацијата ќе продолжи, сега во Македонија, презимењакот на Никола (добро де само една буква ги дели!), кога тогаш - ќе пропее, нема повеќе кумановски печени прасиња да се ждерат во дворот на мојот охридски доктор Саше (некои велат - вратарот!), првиот комшија на Горан Грујоски, чедото на ЈНА офицерот!?

За мој мерак, што би рекол даскалот Вангелов, почна и делатасизацијата. Професорот никаде го нема (кој сака да го види нека оди во ходникот пред канцелариите на Ленче и Фатиме!), Ивонка се уште се прпелка, онака колку за уметнички дојам: „Још није умрла, а кaд ќе још се незна!“ (култна црногорска тв серија!), она девојчето од Шител, сега е веќе стаса до асли женичка - броејќи бели и црни бумбари по куртонските телевизии. И таа „још није умрла(!), а зна се кад ќе“ (!), зашто Војводата вмровски веќе пресуди: „Бел бумбар за Заев и два црни за ДПМНЕ!!!“.

Ете, има ли уште прашања? Има ли нешто да не му е јасно на некого? И што е тука нејасно!?

Мешатарењето по Балканите заврши. Може да продолжи само како пародија: Вучиќ и Дачиќ, во Белград да го кажуваат она што сакаат да го чујат се уште неосвестените Срби, во Солун – Грците, ама во Вашнгтон и во Берлин, како мачиња, „предат друга песна!”.

Нимиц вели дека дебалканизацијата е високо на агендата на владата на Заев, дека е реактивирана нашата надворешна политика. Шансата е пред нас, од нас зависи дали конечно ќе исчекориме кон НАТО и ЕУ, дали ќе го постигнеме неопходниот домашен консензус, дали договорот ќе добие најширока поддршка.

Јас сум оптимист, зашто знам дека Илче и Антонио, јаукаат за претходна седница на парламентот, колку да кажат дека се суште политички живи, здруженијата на Ташко (Јованов) и Тошко (Петров) се издишени, никој не им верува на лажните пророци - ни по дома, ни понадвор!

Довербата е мајка на промените, а маќеа на сомнежите! Меѓу Заев и Борисов се чита доверба. За почеток - повеќе од доволно! Колку што гледам и првенецот на кфалификативот за „најромантичниот дел од бугарската историја” – Пeрванов, како да омекнува, иако, покрај што беше „президент”, е и „историк“. Борисов доаѓа на Илинден, во знак на едно отворање меѓу двете земји, без преседан во нивната историја, како израз на новата геополитика која што се создава околу Македонија, тој голем позитивен исчекор за Балканот. Бугарија е пред председавање со ЕУ, шанса Софија својот фокус да го насочи кон Балканот и можеби да одигра клучна улога и за Македонија.

Овдека, не е на одмет, една мала историја, случка, или животна анегдота, поврзана „сас президента Перванов”. На времето, кога со Бранкота Црвенкоски бевме соседи со канцелариите (јас во Достината, тој во Љубчевата!) и за времето додека така сакаше Шефицата на Шефот, скокнавме до „столицата на Балгарите“, какo што прилега, во хотел „Балгарија!”.Јас, обаче, изигравав шеф на владината канцеларија за односи со јавноста, те ме испратија во Софија да организирам „срешта на гољемо ниво сос првенците на медиите вав Балгарија!“.Шефицата ни беше толку опитна, што полетувањето на „самолетот“ од Скопје, го испланирала на „слетиштето вав столицата да кацне“ токму во часот кога требаше да започне срештата! „За какво?“ и велам? „Еми за такво,има достатачно време!“ „Еми, нели Балгарите си мерат времето един час преди нас!?“. Нејсе, дојдоа на време.

Амбасадор беше Љубиша Георгиевски. Мојот „скап“ и влијателен пријател од Софија, Стефан Велев, беше го донесол кремот на „балгарскиa журнализам“.Се само газдите на „медиите“, сосе една чета дебели вратови од „охраната“. Љубиша, како што е редот, донесол и преведувачка. Не знам зошто (иако знам!), бидејќи седев до Шефот, му велам, ако дозволиш совет, средбава не е од официјален карактер, не губи време за превод. Љубиша малку се изненади. На твоја, одговорност, вели! На моја одговорност, му велам!

Нејсе, средбата заврши перфектно, ако го изземам еден непрокопсаник, кој постави „вопроса за арестованата Балгарка“ во Тетово. Шефот малку се збуни, ама не и тогашниот амбасадор во Скопје. Мислам дека „и тази беше историк“. Ако била арестована, вели, најмалку што требало да направи, да дојде во амбасадата во Скопје! Шуќур!

Наредниот ден, Љубиша ми донесе прес – клипинг од „неколку тома“ новински извештаи, сите на првите страници. Вакво нешто не сум видел, вели Љубиша. И јас ги правам во Скопје, му велам, и јас вакво нешто досега не сум видел!

Нејсе, поентата е за крајот, сега нешто меѓу редови, за да ви објаснам зошто во „Рани спомени“ една одломка носи наслов: “Политичката романса со Црвенкоски ми заврши во Балгарија, во Софија, а друга: со светот владеат мажите, а со мажите – жените!” (онаа за македонската левица, додека за десницата насловот е “ВМРО-ДПМНЕ, или нишање на возот!”).

По средбата со сопствениците на медиумите, седнавме на терасата од бифето на хотелот, на последниот кат, од каде немаше бегање! Се закатанчија две-три млади „журналистки“: Изјава, па изјава од Шефот! Тема - пак „арестованата Балгарка” во Тетово. Што не сторивме да ги одвратиме, не ја „издексаа“ ниту Шефицата на Шефот Станишев, забравив и името, ама „сашто като иста“, со нашата, и тоа „по сичките вопроси!“ Кој разбра, разбра!

Шефот не сака ниту да чуе. Избркајте ги, вели Шефицата! Еми ако не може твојата колешка-посестрима да ги набрка, кајо јас!? Не сме во Македонија! Имаше основи и за дополнителна нервоза (таа вечер спука проектилот од калето кон владата,те преку Зоран Иванов од МИА, морав да му обезбедувам на Шефот дополнителни факс-информации!), ама не и основа да дојде Шефицата, на масата, на која бевме само јас и Шефот: Стани, вели, ти од тука, тебе не ти е местото тука!? Еми, каде ми е местото? Таму кај новинарите - вели! Го гледам Шефот право во лице: нит му окце трепна, нит му мускулче заигра! Готово е, си велам, со нашата романса, ама должен сум уште еден совет. На станување, му велам: Оди и повтори го само она што го кажа амбасадорот Јорданов. Така и бидна, ама мене повеќе не ме бидна во тоа друштво!

Колумната во целост прочитајте ја на следниов ЛИНК


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top