Потписот на Иванов не е неопходен

Македонското Собрание денеска го ратификуваше Договорот со Грција потпишан во неделата од страна на шефовите на дипломатии на двете држави, Никола Димитров и Никос Козијас..

Македонското Министерство за надворешни работи веќе го извести грчкото МНР дека Договорот е ратификуван.

Како што е предвидено во точка 6 од Договорот, веднаш по ратификацијата и откако официјално Скопје ќе ја извести Атина дека Договорот добил зелено светло во Собранието,  Грција како што се наведува во Договорот ќе испрати  согласност до НАТО за членство на Македонија  и до ЕУ за почеток за одобрување на старт за преговори за членство.

Во Договорот никаде не е наведено дека законот за ратификација треба да биде објавен во Службен весник за што е неопходен потписот од Иванов. Договорот ќе стапи на сила дури откако за него ќе се изјасни и грчкиот парламент а тоа ќе се случи откако Македонија ќе ги направи и предвидените измени во Уставот. Според тоа во оваа фаза  потписот на Иванов нема позначајна релевантност.

Инаку можните опструкции на Иванов биле предвидени при изработката на текстот на Договорот така што наместо да стои дека е потребно објавување на законот за ратификација во Службениот весник искористена е формулацијата дека Македонија ќе ја извести Грција за тоа дека законот за ратификација добил зелено светло во Собранието.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top