Потребни ли се зборови: Меси има повеќе голови од слободен удар од Јуве, Реал, Баерн…

Нормалниот фудбалскиот свет уште не може да се начуди како може Лионел Меси да биде петтопласиран во изборот за Златната топка..

Дека тоа не е негово вистинско место, Аргентинецот докажа вечерва со двата спектакуларни гола во градското дерби против Еспањол. Во 17. и 66. минута постигна погодоци од слободни удари и на тој начин го трасираше патот кон убедливиот триумф на Барса.

А, статистиката по мечот донесе еден податок кој е тежок за верување. Самиот Лионел Меси во последните четири години има 19 гола од слободни удари. Цел Јувентус има 18, Лион, Реал и Рома по 14, Баерн 13, Сампдорија, Монако и ПСЖ по 12, Челси, Ливерпул и Милан по 11 итн.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top