Потврдено: Нема ебола во Македонија!

Инаку Британецот и неговиот колега Мајкл Инглиш биле економски советници на македонската влада за привлекување на странски инвестиции..

Нема ебола во Македонија покажаа лабараториските испитувања од британскиот бизнисмен кој пред два дена почина во скопскиот хотел „Супер осум“.

По објавувањето на резултатите од министерството дека не станува збор за смртоносниот вирус заврши карантинот за 25-те гости во хотелот, а заврши и карантинот во Инфективната клиника во Скопје. 

Инаку Британецот и неговиот колега Мајкл Инглиш биле економски советници на македонската влада за привлекување на странски инвестиции. Во Македонија престојувале една недела, а починатиот Џефри неколку дена се жалел на температура и болки во стомакот но не сакал да посети лекар.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top