„Повеќе ја сакам Европската лига, отколку четврто место во лигата“

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го поразија денеска на гостувањето Мидлзборо со 3:1 во рамките на англиската Премиер лига..

Екипата која од клупата ги предводи Португалецот Жозе Мурињо со оваа победа го искористи киксот на Арсенал и стигна до 5 место на табелата и сеуште се во борба за низ Премиер лигата да се пласираат во Лигата на шампионите во наредната сезона.

Жозе Мурињо беше многу задоволен после мечот.

„Да, голема победа за нас, бидејќи сеуште не држи во живот кога е во прашање борбата за четвртото место.

Ако не победивме денеска, ќе пропуштивме шанса да го искористиме киксот на Арсенал и дербито Манчестер Сити и Ливерпул. Ако ме прашувате мене, повеќе сакам да ја освоиме Европската лига, отколку да бидеме четврти во Премиер лигата. Двата успеси на крајот ни даваат шанса да играме во Лигата на шампионите во наредната сезона, но победа во финалето на Европа лига ни дава трофеј и играме во Суперкупот на Европа. Сепак, можеби и да не ја освоиме Европа лига и затоа до крајот мораме да се бориме во Премиер лигата“, рече Мурињо.

Јунајтед наредниот натпревар го игра на домашен терен против ВБА на 1 април.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top