ПОВЕЌЕ ОД 11.000 НАУЧНИЦИ ПРЕДУПРЕДУВААТ: Светската популација многу ќе страда поради климатските промени

Тие велат дека нема време за губење, како и дека климатската криза стигнала многу побрзо од што поголемиот дел на научниците очекувале..

Светската популација ќе се соочи „неизмерно патење поради климатската криза“, доколку не се извршат големи трансформации во глобалното општество, предупредија повеќе од 11.000 научници, објави „Гардијан“.

– Јасно и недвосмислено изјавуваме дека планетата Земја се соочува со климатска криза. За да осигуриме одржлива иднина, мораме да го промениме начинот на којшто живееме. Тоа подразбира големи трансформации во начинот на кој нашето глобално општество функционира и интеракцијата со природните екосистеми – наведуваат научниците.

Тие велат дека нема време за губење, како и дека климатската криза стигнала многу побрзо од што поголемиот дел на научниците очекувале.

Заедничката изјава на 11.000 научници е објавена во списанието „BioScience“ по повод 40-годишнината на првата светска конференција за климата, која е одржана во Женева во 1979 година.

Заедничката изјава е создадена на основа на соработката на десетина научници, за потоа да ја поддржат уште 11.000 од 153 земји на светот. Научниците велат дека се неопходни итни промени за намалување на растот на популацијата, прекин на вадење на фосилни горива, уништување на шумите и консумирање на месо.

Професорот Вилијам Рипл од Универзитетот во Орегон и водечки автор на заедничката изјава рече дека на овој чекор бил поттикнат од зголемувањето на екстремните временски состојби кои ги забележал. Клучната цел на предупредувањето е да се утврди целата низа на „витални знаци“ кои ги покажуваат причините и последиците на климатските промени, а не само емисиите на јаглерод диоксид и зголемувањето на температурите.

– Треба да се надгледува и пошироката низа на показатели, вклучувајќи го и растот на светската популација, потрошувачката на месо, енергија, субвенциите за фосилни горива, годишните еконимски губитоци од екстремните временски појави – рече коавторот на заедничката изјава Томас Њусом од Универзитетот во Сиднеј, Австралија.

Останатите „длабоко загрижувалки знаци на човековата активност“ која научниците ги детектирале го вклучуваат и растечкиот број на патници со авиони и растот на светскиот БДП.

– Климатската криза тесно е поврзана со прекумерната потрошувачка и богатиот начин на живот – наведуваат научниците.

Експертите идентификувале и некои охрабрувачки знаци, како што е намалување на наталитетот на глобално ниво, зголемено користење на соларна и енергија од ветриштата, како и одложување на фосилните горива. Стапиките на уништување на шумите во Амазонија исто така се намалувале, се до неодамнешниот пораст под новиот бразилски претседател Жаир Болсонаро.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top