Повредата е минато - Ибрахимовиќ конечно се врати на терен

Златан Ибрахимовќ по речиси седум месеци пауза по тешката повредна на коленото, вечерва во мечот со Њукасл (4-1) повторно се врати на зелените терени..

Швеѓанецот доби прилика да ги одигра последните 15 минути од мечот, откако во 77. минута влеза во игра на место на стрлецот на првиот гол, Мартиал. Преполното гледалиште на „Олд Трафорд“ со громогласен аплауз го поздрави враќањето на Ибрахимовиќ кој имаше убава можност и веднаш да се запише во листата на стрелци.

Во негов стил, со ножички атрактивно биеше, но гопката заврши крај голот.

За потсетување, Ибрахимовиќ се повреди на реванш мечот од четвртфиналето во Европа Лига против Андерлехт кога ги скина предните вкрстени лигаменти.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top