Повредата на Меси не е наивна, ќе биде во „аут“ извесен период

Лионел Меси им испрати порака на своите соиграчи, неколку часа откако доживеа повреда на првиот тренинг по паузата..

„Сакам да ве информирам дека, за жал, се повредив и извесен период ќе бидам надвор од тимот. Ви благодарам на сите пораки за поддршка, сакав да бидам со остатокот од екипата во САД, но овојпат тоа не е возможно“, порача Меси.

Барселона утре патува за САД каде ќе игра два контролни натпревара против Наполи. Во моментов е нејасно дали тој ќе биде подготвен за првото коло од Ла Лига, на 19 август против Атлетик во Билбао.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top