Повторно напади во Сирија, 12 цивили загинаа

Во ракетен напад на џихадистите врз село во Сирија, кое е под контрола на властите, загинале 12 цивили..

Во истиот напад, кој е извршен јужно од градот Алепо во истоимената провинција, повредени се 15 лица.

Медиумите за нападот ја обвинуваат џихадистичката група Хајат Тахрир ал Шам, поранешен огранок на Ал Каеда во Сирија.

Повеќе од 370.000 луѓе загинаа од почетокот на војната во Сирија.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top