Пожарот во Австралија го уништи имотот на познат актер

Холивудскиот актер Расел Кроу (55) објави на социјалните медиуми дека пожар го уништил неговиот имот во Австралија..

Актерот објави видео и фотографии од уништената област, а во еден момент над неговиот имот се појавил хеликоптер со вода, кој ги гаснел дрвјата во пламен. Во претходната објава Кроу потврди дека не е во Австралија и дека неговото семејство е безбедно со пријателите.

„Јас не сум во Австралија. Моето семејство е безбедно, опкружено со пријатели. Пожарот дојде до мојот имот вчера. Моето срце е со сите во долината“, напиша Расел на „Твитер“.

„Изгубивме две згради, но можеме да бидеме среќни“, напиша кусо актерот и им се заблагодари на сите на теренот гаснејќи ги пожарите.

По оваа објава, луѓето напишаа на социјалните медиуми дека пожарникарите ги игнорирале домовите што гореле во околината за да заштедат 400 хектари од имотот на актерот.

„Јас сум лут затоа што куќите на нашите пријатели горат, а сите противпожарни возила и хеликоптерите го гасат пожарот на имотот на Расел Кроу. Што ќе се случи со домовите на обичните луѓе?“, напиша еден човек на „Твитер“.

На таквите обвинувања одговори внуката на актерот, Челси Кроу, која живее на имотот на Расел.

„За жал, има многу озборувања на оваа тема… Дека пожарникарите оставиле сè за да го заштитат домот на Расел. Тоа не е точно. Ако ја видите картата и ги знаете граничните линии, ќе видите дека целиот имот е покриен со државна шума. Овој потег не беше специјално за да се заштитат зградите на Расел, туку да се заштити шумата“, напиша Челси додавајќи дека изгорело местото каде што живеел дедо ѝ.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top