ПОЖАРОТ ВО КОНДОВО СЕ ПРИБЛИЖИ ДО КУЌИТЕ, НЕКОИ ОД СЕЛАНИТЕ СЕ ЕВАКУИРААТ

Големиот пожар кој вечерва го зафати пределот над скопското село Кондово зафатил и неколку куќи, тврдат селаните..

Една жена со помало дете чекаше да дојде кола за да ја преземе откако била принудена да ја напушти куќата поради огнот што се приближил до куќата. Таа раскажа дека во селото е хаотично и владее паника. Забележавме поголем број полициски возила на приодите кон селото.

Влезот на Скопје од западната страна кон Ѓорче Петров е целиот во чад, а пепел паѓа врз колите што се движат на обиколницата.

Огнот го гасат девет противпожарни возила. Поради ветерот што дува гасењето е отежнато.

Во моментов нема повеќе информации од Противпожарната служба.

Извор: СДК


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top