Познати сите четвртфиналисти: Замислете ждрепка Барса-Реал и Јуве-Ливерпул

Како и да се паднат сите четири четвртфинални дуели од Лигата на шампионите ќе бидат пеколни..

На хартија, веројатно најслаби се Рома и Севиља и гигантите ќе сакаат еден од нив за противник, но можно е петочната ждрепка да донесе неколку интересни натпревари.

Оние неутралните би сакале да се паднат најдобрите меѓу себе. На пример, првпат по седум години да игра Барса против Реал или Јуве и Ливерпул да потсетат на своите легендарни пресметки од 80. години на минатиот век.

Од преостанатите осум екипи, само пет досега биле европски шампиони, но тие заедно имаат дури 29 титули во елитното натпреварување.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top