Прага: Се сруши мост над Влтава, четворица повредени

Четири лица се повредени во Прага, кога пешачкиот мост над Влтава се сруши, изјавија официјални претставници од итните служби на чешката престолнина..

Се вели дека две лица се сериозно повредени.

На бетонскиот мост биле велосипедисти и пешаци на пат кон популарната зоолошка градина.

Причината за уривање на мостот е непозната, а полицијата го испитува случајот.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top