Пратениците денес ќе гласаат за распишување на оглас за насленик на Зврлевски

Откако вчера беше исцрпена расправата за распишување на оглас за нов републички јавен обвинител, денеска во 15 часот, точката ќе биде ставена на гласање..

Споре законската процедура, откако Собранието ќе ја изгласа точката, огласот ќе се објави во Службен весник и уште во најмалку два дневни весника. Рокот за поднесување на пријавите е 15 дена.

Откако кандидатите ќе се пријават, Советот на јавните обвинители дава мислење по предлогот на Владата за именување на јавниот обвинител. Во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето до Владата, Советот доставува образложено позитивно или негативно мислење во писмена форма за сите пријавени кандидати на огласот што ги исполнуваат условите согласно законот. Ако не се произнесе во овој рок, течат нови 15 дена. Доколку и тогаш не се изјасни, тогаш се смета дека мислењето на Советот е позитивно.

Доколку Советот за ниту еден од кандидатите не даде позитивно мислење, тогаш владата нема право да поднесе предлог кандидат, туку може само да му предложи на Собранието да го повтори огласот, по што повторно ќе почнат роковите од 15 дена за изјаснување на Советот, па изборот да се пролонгира до бескрај.

Во тој случај, неговата работа ја врши обвинител, кој го определува Советот на јавните обвинители.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top