Правнукот на Мусолини стапува на политичката сцена

Лидерката на партијата, Џорџија Мелони, ја објави кандидатурата на Мусолини минатиот викенд, објави АП..

Каио Џулио Чезаре Мусолини, правнукот на фашистичкиот диктатор Бенито Мусолини, именуван по еден од најпознатите владетели на античкиот Рим, влегува во политичката арена како кандидат на европските избори за екстремно десничарската партија Браќа на Италија.

Освен него, политички амбиции изразија и неговата братучетка Алесандра Мусолини, член на Европскиот парламент од партијата Форца Италија на Силвио Берлускони, и Рахела Мусолини, член на Градското собрание на Рим.

Џорџија Мелони рече дека протестите против најновото политичко деби на Мусолини го навело „Фејсбук“ да го откаже неговиот профил.

Каио Мусолини денес рече дека неговиот профил му е вратен со извинување.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top