Празник во Франција: Денот на Бастилја за првпат без воена парада по 1945 година

Макрон денеска ќе биде домаќин на церемонијата на одбележување на 14 јули, Денот на Бастилја, што ќе се одржи во намален обем поради пандемијата на Ковид-19..

Француските власти за првпат од 1945 година ја откажаа воената парада, што секоја година традиционално се одржува на 14 јули на Елисејските полиња, во знак на сеќавање на падот на Бастилја што го означи почетокот на Француската револуција.

Наместо тоа, околу 2.000 војници, што е пола од вообичаениот број, ќе се соберат на плоштадот „Конкорд“ во Париз, пренесува лондонски Гардијан.

Истакнати медицински експерти неделава повикаа на воведување задолжително носење маски во затворен простор, додека властите предупредуваат дека вирусот сè чини дека побрзо се шири во некои области, бидејќи луѓето се релаксираат поради летните одмори.

И покрај ветените милијарди евра за намалување на економските штети од пандемијата, останува прашањето како владата ќе може да го засили закрепнувањето од рецесијата, што се очекува да доведе до загуба на работни места за стотици илјади работници.

Според најновите податоци, од почетокот на пандемијата во Франција се заразени над 172.000 лица со Ковид-19, додека починаа повеќе од 30.000.

Одбележување на францускиот национален празник и во Македонија

Прославувањето на 14, национален празник на Франција, ќе се одбележи и во Македонија, во знак на солидарноста за, пред сè, оддавање почит на сите што се борат против пандемијата на Ковид-19, соопшти француската Амбасада во земјава.

„Поради пандемијата и неможноста да го организира традиционалниот прием, амбасадата изразува благодарност до сите кои се бореле за вредностите на Републиката и особено за слободата, со положување венец на Француските воени гробишта во Скопје. На настанот ќе присуствуваат претставници на француската заедница и ќе се почитуваат сите здравствени препораки“, стои во соопштението на Амбасадата.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top