Предлогот на Мицкоски за „кандидат за мандатар“ целосно на игнор: Заев бега за да се сокрие зад пратеничкиот имунитет

И од позиција на претседател на СДСМ Заев молчи за предлогот на Христијан Мицкоски за воведување кандидат за мандатар, иако од собраниската говорница се самопргласуваше за премиер и по изборите.

Иако е малку веројатно дека Заев би „се одважил“ да го прифати моделот што го предлага Христијан Мицкоски, доколу се усвои, тоа ќе значи пензионирање на Зоран Заев од политиката. И онака е извесно дека на 12 април СДСМ заминува до политичката сцена, а тоа го потврдуваат и мерењата на јавното мислење, па оттука, не се очечкува Заев  да изигра коцарски и свесно да прифати на 12 април да се повлече од политиката.

Кандидатот за мандатар – лицето кое претендира за премиер, не смее да се крие по поразот зад пратеничкиот имунитет. И треба да си замине од политиката, бидејќи граѓаните не го подржуваат неговиот концепт и политики. Зоран Заев сака да остане пратеник за да може да се крие зад пратеничкиот имунитет во надеж дека ќе се спасува од правдата. Заев мисли дека со пратеничкиот имунитет нема да одговара за Рекет 1 и 2, поткупите, криминалот и корупцијата која секојдневно се случува. Но ниту тој ниту било кој друг без разлика од која партија доаѓа нема да се спаси од кривичен прогон за криминалот кој го сторил. Бидејќи по 12 април Македонија мора да биде правна држава еднаква за сите, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

Неодамнешната изјава на Заев во Собранието, пак, дека ќе биде премиер-наследник на техничкиот премиер е само потврда дека од говорницата се обраќа човек кому му гори под нозете.

Премиерот во заминување Заев се прогласи за премиер и по изборите

Истото го потврдува и предлог-трампата на СДСМ и Заев. Заев и СДСМ ќе го прифателе предлогот за кандидат за мандатар, под услов ВМРО-ДПМНЕ да го прифати нивниот предлог за изборен модел.

Предлозите на Заев тие да прифатат едно, ВМРО да прифати нешто друго, личи на пазар, но ова не е ајвар „Мамас”, тука се работи за принципи и предности, за сериозни прашања. Македонија е многу повеќе од пазар каков што замислува Заев и пратеничкиот имунитет на кој се надева нема да го амнестира од одговорност, порача неодамна генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.

Заев и СДСМ ќе го прифателе предлогот за кандидат за мандатар, ако ВМРО-ДПМНЕ го прифати неговиот предлог за изборен модел

Кандидат за иден мандатар кој ќе биде носител на кампањата е дел од европските искуства.

Според Мицкоски, мора да има носител на мандатот бидејќи оној чија политика ќе биде поразена од граѓаните веќе нема да може да се крие зад пратеничкиот мандат и зад имунитетот.

Тоа менува многу затоа што Вие излегувате на избори, доживувате пораз и потоа се криете зад пратеничкиот мандат и позади имунитетот кој што го имате во Собранието, а вашата политика граѓаните ја поразиле, порача Мицкоски.

Тоа би значело дека пред изборите мандатарот јавно застанува зад целата кампања која ја нуди партијата, програмата со која се претставува пред граѓаните, а одговорноста за евентуалниот порaз, ќе пaдне на негов грб.

Ваквата пракса, на не така одамна одржаните Европски избори ја имаше Европската народна партија која имаше т.н шпицен кандидат, односно мандатар.

Мицкоски предлага „кандидат за мандатар“: Има ли храброст Заев да прифати европски практики за европска Македонија?

Според универзитетскиот професор Александар Климовски, ваквиот предлог е одличен и е во духот на едно повисоко ниво на политичка култура и на подигање на моралот во политиката.

Воведувањето на иден мандатар во Изборниот законик е добро за демократскиот капацитет, за легитимирањето пред гласачите со цел истите да бидат запознаени која личност ќе биде носител на извршната власт, иден креатор на политиките и кој ќе ја сноси одговорноста бидејќи власта и одговорноста се на истата страна на медалот, вели Климовски за Лидер.

Според Владимир Божиновски пак, програмски директор на Институтот за политички истражувања – Скопје, од ваквиот предлог би немало штета и не гледа зошто некој би бил против ваквиот предлог да се најде во изборниот законик.

Нема некоја штета да се вметне во Изборниот законик, повеќе би било од технички причини за да нема никакви недоразбирања и да се појасни повеќе, ако партиите коалицираат пред изборно. Нема штета и не знам зошто некој би бил против, вели Божиновски.

И двајцата експерти согласни дека на овој начин лидерите на партиите би  сноселе одговорност за своите политики што е одраз на најголема мopална одговорност во политиката.

Според Климовски, добро би било власта да го прифати предлогот бидејќи лицето кое ќе изгуби на изборите ќе биде приморано да замине од партиската власт.

На тој начин би се оставил простор на други лица за кои времето ќе покаже дали ја заслужиле довербата, а со тоа би се направило и демократизирање внатре во партиите и со поголем „сенс“ и одговорност би се настапувало на политичката арена, смета Климовски.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top