Предвременото раѓање е поврзано со менталното здравје

Истражување спроведено во Финска сугерира дека на предвремено родените лица кога стануваат возрасни им се заканува ризик за депресија и анксиозност, пренесуваат медиумите..

Наодите на научниците од Универзитетот во Хелсинки се собрани од 747 возрасни лица кои се родени пред терминот и се родиле со тежина од 1500 грама.

Менталното здравје на испитаниците било анализирано и кога биле на возраст од 23 години.

Исто така се наведува дека предвременото раѓање е поврзано со негативното влијание на развојот на мозокот и други физиолошки системи кои учествуваат во регулирање на емоциите и однесувањето.

Инаку, истражувањето на мозокот чини 16 отсто од севкупната научна продукција во светот, а во него учествуваат 1,73 милиони активни истражувачи кои публикувале речиси неверојатно 1,79 милиони научни трудови во 5 години.



Copyright 2016 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top