Преговорите НАТО - Русија за Договорот за нуклеарно вооружување без успех

Не видовме никаков знак од Русија дека сака да почне да ги почитува обврските од Договорот, рече Столтенберг.

НАТО и Русија не постигнаа напредок околу Договорот за нуклеарно вооружување со среден дострел, за време на денешните разговори во Брисел, изјави генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг.

„Не видовме никаков знак од Русија дека сака да почне да ги почитува обврските од Договорот“, рече Столтенберг.

Москва, пак, изјави дека целосно го почитува овој договор, потпишан од американскиот претседател Роналд Реган и советскиот лидер Михаил Горбачов, со кој се елиминираат ракетите со среден дострел во двете држави.

САД се подготвуваат да се повлечат од Договорот на 2-ри август, по одлуката на Русија да не ја уништи новата ракета со среден дострел, со која НАТО вели дека се прекршува договореното.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top