Преку Пандов, рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ ја фати удолницата

Ангелите на „Victoria's Secret“ влегоа во партијата, ВМРО-ДПМНЕ со нив заминува во рајот? Како што ѓаволот бил ангел на Господ, така и овој случај Пандов кај Мицкоски..

Деновиве, миленикот на Миленко Неделковски и Мирка Велиновска, Александар Пандов стана новиот претседател на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, изгледа започна новата „преродба“ преку оваа чкембе револуција.

Незадоволството кај симпатизерите и членството на ВМРО-ДПМНЕ е преголемо во толкава мера што се гледа јавно по социјалните мрежи.

Причина за незадоволство меѓу симпатизерите и членството на ВМРО-ДПМНЕ секако е ветувањето на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во сведоштво на 10 луѓе меѓу кои и Игор Јанушев и Владо Мисајловски на Лука Александров дека тој ќе ја добие функцијата претседател на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи е влијателна личност помеѓу сите патриоти и патриотски организации во Република Македонија и ширум светот! 

Така е секогаш после секоја војна никнуваат многу генерали иако истите не учествувале во војната, така е и во овој случај со Александар Пандов. Од општинска лига влезе во Лига на Шампиони, секако може да биде на таа функција само во партија во која преовладува нестабилност, каде што секогаш во првите редови може да се види Мане Јаковлески, Така беше и во Југославија по теркот на УДБА. Овие методи се сеуште непроменети затоа и неупехот на избори преовладува. 

Дефинитивно после овој грешен потег незадоволството ќе расте се повеќе и повеќе и според наши информации ќе се работи на терен од незадоволните Мицкоски да доживее уште еден дебакл на наредните избори.

На протестите за поскапувањето на струјата ги немаше традиционално познатите фаци кои протестираат во името на ВМРО-ДПМНЕ и ја подджруваа партијата во минатото. Затоа излегоа неколку стотини луѓе. 

Многу е смешен фактот што Христијан Мицкоски протестираше за 7% поскапување на струјата, и покрај то што во владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, тој ја покачи цената за преку 50%, но најверојатно овие протести не беа поради поскапувањето на струјата, туку Мицкоски да ги ја крене репутацијата и да остане на чело на ВМРО-ДПМНЕ.

Најголемо е незадоволството е помеѓу ветераните на ВМРО-ДПМНЕ, кои што се со партијата уште од нејзиното формирања во почетокот на 90-тите години.

Подолги години Пандов јавно се декларира дека нема ништо заедничко со ВМРО-ДПМНЕ и со своите дописи секако допринел партијата да губи на избори.

Во 2015 година на 24 Анализа, Пандов изјави дека тој не е член на ВМРО-ДПМНЕ.

Остава ли Мицкоски простор со Пандов и неговите блиски близок Миленко Неделковски, Маноил Јаковлески и Орце Камчев да смислат шема како да го обединат членството или ова е почеток на крајот на ВМРО-ДПМНЕ?

Текст: Никола Ставрески - Мелбурн


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top