ПРЕМИЕРА: Славче го претстави својот Mercedes-Benz CLA Shooting Brake во Женева

Mercedes-Benz го претстави CLA Shooting Brake во Женева – а свое место на сцената имаше и дизајнерот кој го потпишува новиот компактен караван – македонецот Славче Таневски!.

Новиот CLA изгледа навистина супер – а со новиот Shooting Brake добива дополнителен кул-фактор, но и многу повеќе простор. 

CLA Shooting Brake е 48 милиметри подолг, 53 милиемтри поширок и 2 милиметри понизок од моделот кој го заменува, додека меѓуоскиното растојание е зголемено за цели 30 милиметри.

Дизајнот е истиот како кај CLA (кој исто така го потпишува Славче Таневски), но главната разлика е во задниот дел. 

Караванската изведба изгледа навистина интересно, без притоа да биде премногу нагласен овој облик, туку навистина е посветено внимание на Shooting Brake елементите. Багажникот нуди капацитет од 505 литри. 

Инаку, од Mercedes-Benz кажуваат дека CLA и CLA Shooting Brake ќе бидат најдинамични меѓу компактните модели.

Славче зборуваше за дизајнот, но својата презентација ја започна со своите први цртежи од само 2-годишна возраст, кусо објаснувајќи ги своите визуализации за автомобилите. 

Инаку, тој е еден од најмладите членови на врвниот тим на дизајнери на Mercedes-Benz каде досега самостојно креираше неколку модели за најстариот автомобилски бренд во светот. Погледнете го Славче Таневски на презентацијата:


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top