Премиерлигашите изгласаа! Крајот на преодниот рок ќе биде скратен!

Колку е добро, толку е и лошо….

Со кратењето на преодниот рок играчите ќе имаат поголема сигурност за тоа каде ќе играат во новата сезона и сите состави ќе бидат познати пред почетокот на истата. Но, секако дека ќе недостасува лудилото околу последниот ден. Никој во фудбалска Европа не ја негува таа култура на последниот ден од преодниот рок како Англичаните. Но, токму тие први одлучија да го скратат трансфер периодот.

Премиерлигашите денеска гласаа и изгласаа преодниот рок да завршува на почетокот на август. Поточно, од следното лето трансфер периодот завршува во четвртокот кој ќе му претходи на првото коло. Но, кога ќе започне сезоната, англиските клубови ќе можат само да продаваат, но не и да купуваат нови играчи. Секако, се додека не се скратат преодните рокови и во другите земји, како што беше најавата на УЕФА:

Исто така, оваа одлука нема да влијае на јануарскиот преоден рок. Инаку, оваа одлука не е донесена едногласно, но сепак мина на гласањето, иако требаше само седум клуба да се изјаснат против оваа идеја. Пред гласањето, медиумите на Островот пишуваа дека целата ситуација била неизвесна, бидејќи Кристал Палас и Вотфорд јавно биле против кратење, а уште неколку клубови сериозно размислувале да им се приклучат.

Проблемот не е во самото кратење, туку фактот дека преодниот рок не треба да се крати, ако во другите земји останува непроменет.

На крајот, клубовите ги послушаа своите тренери, кои често знаат да се жалат дека новите играчи им доаѓаат неподготвени среде сезона, дека ги нарушуваат подготовките и предизвикуваат проблеми во екипата, бидејќи има премногу промени.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top