Премиерот Бојко Борисов ја откажа средбата со македонскиот претседател Ѓорге Иванов

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов, ја откажал средбата со македонскиот претседател, Ѓорге Иванов, заради неговото арогантно однесување, пишува бугарскиот весник 24 часа..

Според овој медиум, Бојко Борисов бил исклучително лут заради скандалозниот однос на Иванов, кој ја напушти средбата со премиерот Заев и министерот за надворешни Димитров и се обрати со говор во кој не остави простор за дискусија со него за договорот за името.

Иванов од денеска е во официјална посета на Бугарија и ќе се сретне со бугарскиот претседател Радев.

Наводно, Борисов и дал задача на министерката  за надворешни работи, Захариева, да ја откаже уттрешната средба со македонскиот претседател заради неговото минирање на договорот со Бугарија, кој е прифатен и поздравен од целата меѓународна заедница.

Според 24 часа, сите земји членки на ЕУ, се непријатно изненадени од однесувањето на Иванов.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top