Премиерот на Австралија побара да се решат проблемите со преносото на Светското Првенство

Малком Турнбул, премиерот на Австралија во директно обраќање до шефот на тамошниот носител на тв права за Светското побарал што поскоро да ги средат проблемите од техничка природа за народот да може да гледа Мундијал како што треба..

Само што почнавме да фрламе дрвја и камења по нашата Македонска радио телевизија поради сериозните проблеми во преносите на некои натпревари, сега гледаме дека и Австралија има исти маки со слика од Светското.

Гигантот Оптус којшто ги откупил правата за пренос на средбите од Мундијалот ќе мора да поработи на решавање на проблемите откако се заангажирал лично премиерот Трнбол.

„Зборував со газдата на Оптус, Ален Леј. Ми гарантираше дека тој самиот лично ќе се заложи за да се решат стриминг проблемите и верува дека ќе биде средено вечерва“, напишал на Твитер премиерот на Австралија.

Дебата во австралискиот парламент се развила откако лидерот на опозицијата Бил Шортен бурно реагирал што граѓаните плаќаат високи такси а Светското не го гледаат како што треба. 


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top