Пресуда за Самка Ибраимовски: Оштетил фирма за над 500 илјади денари

Пратеникот Самка Ибраимовски во 2007 година бил осуден за оштетување и повластување на доверители, со што заработил условна казна од шест месеци..

Самка како доминантен сопственик и директор на УНИС Промет Самка и други ДОО Тетово, ја оштети фирмата доверител „ТД Пан мониторинг” ДООЕЛ Скопје, за 543.138 денари.

Второобвинет во случајот е Зоран Тасевски кој во тоа време бил извршен директор во Ресторан Плави-Самка ДООЕЛ Тетово, фирма во сопственост на Самка.

На 29 август 2002 година УНИС Промет ДОО Тетово и Ресторан Плави-Самка ДООЕЛ Тетово склучиле ништовен договор со кој сите подвижни предмети на УНИС Промет ДОО Тетово се продаваат на Ресторан Плави-Тетово. Недвижностите ги продале иако знаеле дека УНИС Промет Тетово бил со блокирана жиро сметка од доверителите. Договорот го склучиле со намера да го оштетат доверителот „ТД Пан мониторинг” ДООЕЛ Скопје да не може да си го наплати побарувањето во износ од 543.138 денари.

За делото Самка и неговиот соработник заработиле условна каза завор од шест месеци.




Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top