Пресврт во кариерата на Роналдо: Не ми е гајле за индивидуалните награди

Човекот кој цела кариера ја помина бркајќи бројки и лични рекорди, на прагот на 36. година од животот тврди дека повеќе не го интересираат такви работи..

Откако на Литванија и даде четири гола и во новата сезона веќе има шест погодоци, португалскиот ас изјави дека е фокусиран на тимските успеси, како во националниот тим, така и во Јувентус.

„Не го играм фудбалот за индивидуалните награди, тие се последица на она што го остваруваме на колективен план. Тоа важи и за Златната топка иако, нема да лажам, убаво е чувството кога се освојуваат“, изјави Роналдо.

Со пет Златни топки, тој е ко-рекордер, заедно со неговиот најголем ривал Лионел Меси.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top