Претседателот Георге Иванов оствари средба со Крис Ангелков од Перт

Уште една значајна средба на Крис Ангелков, овојпат со Претседателот Иванов.

Претседателот на Република Македонија оствари средба со Крис Ангелков, потпретседател на Македонската заедница во Западна Австралија, долгогодишен активист и бизнисмен и Сузана Сурловски-Ѓеоргиевска од Франција, исто така активист и претседател на Француско-Македонската асоцијација Блаже Конески, која во 2015 година беше наградена со Повелбата Георге Иванов од страна на Претседателот Иванов.

На средбата се разговараше за ситуацијата во Република Макеоднија која е од особено знаачење за дијаспората, како и за зелосната поддршка на Претседателот Иванов за сите негови напори за изнаоѓање соодветно и можно пешение за излез од ситуацијата во која се наоѓа Репбулика Македонија.

Меѓу дургото, беа предложени дополнителни и можни активности од страна на целата Македонска дијаспора, за излез од оваа хаотична ситуација во која се наоѓа државата.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top