Претседателот на Алтона Меџик поднесе оставка

Шок во Мелбурн, Игор Георгиевски, кој раководеше со Алтона Меџик деновиве поднел неотповиклива оставка. Наша претпоставка е можно преминување во Престон Македонија.

Под раководството на Игор Георгиевски клубот ги достигна најголемиот успех во историјата. 

Во која насока ќе оди клубот, останува да видиме во наредниов период. 

Но, едно е јасно, клубот тешко ќе најде претседателот каков што беше македонецот Игор Георгиевски кој даде се од себе за овој клуб.

Желбата на Игор секогаш беше Алтона Меџик да победува и да се први, ништо друго не го задоволуваше. Тој беше човек кој бараше само победи и титули.

Фудбалскиот Клуб излезе со соопштение за јавноста, во кое што се изјаснува следното:

Алтона Меџик Вардар ја објавуваат веста за неодамнешната оставка на претседателот на клубот, Игор Георгиевски.

Игор Георгиевски го објави известувањето до клупскиот комитет во текот на неделата, што шокираше многумина.

„Со жалење се повлекувам од нешто во што уживав и за што сум страствен. Сепак, дојдов до одлуката во ова време од мојот живот, бидејќи семејството ми е приоритет број еден“. – изјави Игор посакувајки и на Алтона сè најдобро во иднина.

Клубскиот комитет од Алтона Меџик би сакале длабоко и со најголема почит, да му се заблагодарат на Игор и на неговото семејство што беа дел од историјата на Алтона, за тоа што беше клучен играч во возобновувањето на клубот во последните пет и пол години од доаѓањето во клубот кон средината на 2014 година, во кој беше забележан брз пораст на Алтона од СЛ1 до врвниот фудбал во државата. Страста и желбата на Игор за играта и неговата заедница беше нешто што сите ќе го паметиме во клубот.

Клубот би сакал да им посака на Игор Георгиевски и на неговото семејство сè најдобро во своите идни поглавја што претстојат, и се надеваме дека ќе го видиме неговото враќање на трибините на Песјли Парк за да ги гледа саканите црвено-црни.

Комитет на Алтона Меџик и поширокото клубско семејство.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top