Претседателот на Чапекоенсе: Барселона е единствениот тим кој финансиски ни помогна

Претседателот на Чапекоенсе, Плинио Давид дес Невес, открива дека конкретна помош добиле само од Барселона иако многу екипи ветувале дека ќе им помогнат..

По големата трагедија која го снајде Чапекоенсе во која ги загуби речиси сите фудбалери и стручниот штаб, многумина им ветувале помош, но ја добиле само од Барса.

„По трагедијата во која загубивме 19 фудбалери, сите почнаа да ни велат дека ќе му помогнат на клубот и на фамилиите на жртвите, но вистината е дека досега единствениот тим кој навистина ни помогна е Барселона“ - вели претседателот на Чапо.

„Само Барселона, која беше наш пријател од самиот старт, ни помагаше финансиски уште од почетокот. Ќе ги платиме сите трошоци што ги имаме со тоа што ќе играме на Жоан Гампер натпреварот и профитот од таа пријателска средба ќе биде поделен помеѓу двете екипи“.

„Рома исто така сака да игра со нас, но имаме многу збиен распоред, треба да видиме дали ќе можеме да се сретнеме со нив“.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top