Претседателот на Примера: Кристијано и Нејмар се играчи во втор план, важен е Меси!

Претседателот на ЛА ЛИГА, Хавиер Тебас, го прокоментира можното враќање на Нејмар во лигата, односно рече дека би бил среќен доколку тој направи кам-бек..

Сепак, Тебас смета дека присуството на бразилскиот ас во лигата, не би било толку важно како што е она на Лео Меси.

„Се разбира, би сакал да се врати Нејмар во Шпанија. Со своите квалитети тој е меѓу првите тројца играчи во светот. Беше доста важно за Ла Лига доколку дојде повторно, иако тоа не би било пресудно за оваа лига“.

„Она што е најважно дека играме 10 месеци годишно, со 20 клубови кои играат едни со други и креираат страст и радост секој викенд кај навивачите. Нејмар сепак не е толку важен, дури ни Кристијано Роналдо не беше. Од друга страна, битен елемент за Примера е само Лео Меси“, смета Тебас.

Оваа изјава ќе предизвика сериозни коментари од навивачите на Реал Мадрид.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top