Претседателот не Европскиот Совет Шарл Мишел се сретна со лидерите на политичките партии

Претседателот на СДСМ Зоран Заев е уверен дека сите заедно можеме да го задржиме вистинскиот курс на реформи како неопходност за влез на Македонија во Европската Унија..

Ваквото уверување Заев денеска, му го пренел и на претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел кој денеска од вчера е во официјална посета на земјава. 

Од СДСМ соопштија дека на средбата се разговарало за процесот на реформи, потребата од носење на Законот за јавно обвинителство, евроинтегративниот процес, како и за новата методологија за проширување на Унијата.

Претходно, претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел се сретна и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Како што соопштија од партијата, Мицкоски посочил на безизлезноста на Македонија под власт на СДСМ и истакнал дека ВМРО-ДПМНЕ како партија која ќе ја формира владата по 12 април ќе направи се' за Македонија да биде ставена на брза трака кон интеграција во Унијата. 

Неодамна извршниот директор на парискиот институт „Жак Делор“, Себастијан Мајар во Скопје порача дека за приближување на регионот на Западен Балкан кон Евроспката Унија освен политички договори потребно е и реализација на твининг-проекти, што поголема вклученост во образовната програмата „Еразмус“ и директната размена меѓу луѓето, а не само на елитите.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top