Претседателот Пендаровски ја прими австралиската амбасадорка Рут Карис Стјуарт

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Рут Карис Стјуарт, амбасадор на Австралија во Република Северна Македонија, со седиште во Белград..

Како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, на средбата беа разменети мислења за билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Австралија, како и информации за актуелните случувања во двете земји.

– Претседателот Пендаровски го потенцираше интересот на Република Северна Македонија за можностите за унапредување на економската соработка и трговската размена. Претседателот Пендаровски го истакна значењето на македонската заедница во Австралија за унапредувањето на односите меѓу двете држави, информира Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top