Претседателот Пендаровски ќе го прими принцот Едвард

Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски денеска во вилата Водно ќе го прими неговото височество принцот Едвард, грофот од Весекс, кој престојува во официјална посета на државава..

Принцот Едвард вчера на Скопскиот аеродром беше оречекан од вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска. 

Неговото височество принцот Едвард денеска ќе присуствува во Националната филхармонија на настанот што треба да ги прикаже врските меѓу Британија и Северна Македонија во образованието, животната средина и уметноста.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top