Претседателот Пендаровски прогласи вонредна состојба

Претседателот Стево Пендаровски на вонредна прес конференција соопшти дека пред малку ја потпишал одлуката за прогласување на вонредна состојба на целата територија на земјата..

Пендаровски рече дека тоа го направил за заштита и справување со ширењето на коронавирусот.

Вонредната состојба ќе трае 30 дена и во оној момент кога Собранието ќе може да се состане, ќе му биде поднесена за потврдување.

Како што рече претседателот Пендаровски сега извршната власта ќе има зголемени надлежности и ќе може да ги користи сите ресурси и државни и приватни.

Со оваа вонредна состојба владата ќе може да обзебеди повеќе средства за поддршка на економијата.

Исто така тој кажа дека Владата ќе продолжи да функционира како техничка влада, каде има и министри од опозицијата и дека ситауцијата не треба да се користи за дневно политички поени.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top